548
Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во гостувањето на ТВ21 порача дека мора да има премиер Албанец 100 дена пред избори и СДСМ нема ништо против тоа.
На пршањето дали ДУИ останува на барањето за премиер Албанец 100 дена пред избори, тој рече дека таа работа веќе е договoрена.
-Нема компромис за ова, премиерот мора да биде Албанец 100 дена пред избори. Ова е политички договор помеѓу СДСМ и ДУИ, за ова сме договорени и така ќе биде. За ова знаат и во СДСМ и немаат ништо против, порача Џафери