Џафери до Силјановска: Ова не е испитна сесија, седница не се закажува со пораки

by Frosina Fakova

Откако еден од пратениците уште еднаш го спомена раѓањето на внукот на предложениот собраниски спикер, Талат Џафери, настан кој се случи кога требаше да биде свикана конститутивната седница во собраниската сала продолжи дебатата дали на 13 август била свикана седница или се правеле само подготовки.

Дебатата се водеше меѓу сегашната пратеничка, професорката Гордана Силјановска која дофлраше од место, а претходно на Џафери му порача дека раѓањето на внукот не е причина за откажување на седница.

Џафери пак и порача дека седница не официјално не била закажана, за тој да ја откаже поради внукот. -Професорке ова не е испитна седија, не се свикува со пораки, ова седница и се свикува со акт. На 13 август не беше свикана седница, туку имаше најава за подготовка за можна седница, рече Џафери.

Дофрлањата на Силјановска не се слушнаа на телевизискиот пренос. Главна порака од опозициските пратеници до новата Влада беше дека мнозинството ќе трае многу кратко.

Поврзани новости