699
На денешната собраниска седница повторно настана кавга меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано зборуваат во хор незадоволни од работата на собранискиот спикер.
Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од своето место во собраниската сала му држеше лекции на Џафери како треба да се однесува како претседател и неколку пати му го постави прашањето, кој е тој да им кажува што да работат?
На тоа Џафери одговори дека ако Илија Димовски не знаел, тој е претседател на Собрание.
– Се додека зборувате во хор, нема да добиете збор – истакна Џафери.
Денеска продолжи осмото продолжение на седницата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.