Џафери до опозицијата: Ако мислите за избори, уште сега поднесете предлог!

by Fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на тв21 изјави дека доколку опозицијата сака избори, тогаш треба да поднесе предлог до Собранието. Вели дека седница ќе свика веднаш.

– Ако мислите за избори, уште сега поднесете предлог и истиот ден ќе ја свикам седницата, нема да ве спречувам во тоа. Волјата на пратениците, јас нема да ја попречам, ама не може да биде одлука на партиски орган дека сака избори. Таа партиска одлука треба да се преточи во постапка во Собранието од надлежни подносители на иницијативата – истакна Џафери.

Поврзани новости