450
Да се погледнеме во огледало сите и да се преиспитаме сите кога ќе се спорат фактите и аргументите. Колега таков ти беше настапот, упатен кон мене лично и мора таков одговор да добиете, истакна собранискиот спикер Талат Џафери на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
„Вие месец дена нема кој епитет не ми го споделивте. Ако мислите на такво ниво да се спуштиме, јас на ваше ниво нема да се спуштам. Јавноста очекува од мене и да продолжите да навредувате на лична основа и нема да се спуштам на ниво да навредувам на лична основа како Христијан Мицкоски. Јас му овозможив како претседател на опозиција да седи на пленарно место, што се случува за првпат во истаријата“ ,вели Џафери.