453
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски од собраниската говорница истакна дека пратениците од парламентарното мнозинство не прифаќаат ништо што ќе предложи опозицијата.
– Треба како посебна точка на дневен ред да се стави договорот со Бугарија, за да имаат можност пратениците да дебатираат за тоа. Цело време се крие што има во договорот, а сите ние тука, а и граѓаните имаат право да знаат – истакна Димовски.
На тоа му возврати собранискиот спикер Талат Џафери.
– Јас мислам дека се обративте до пратеникот Талат Џафери и дека имате желба да го преземете местото претседател на Собранието, ама тука мора да има ред. Деловникот за работа на Собранието е јасен и тоа мора да се почитува – истакна Џафери.