Џафери: Ако има изборни нерегуларности институциите нека постапуваат по допрен глас

by fokus

Владата нема што да се произнесува бидејќи станува збор за политички изјави. Ова е коментарот на техничкиот министер, Талат Џафери, за обвинувањата дека ДУИ нема да ги признае изборите и дека спрема нерегуларности.

-Институциите надлежни по допрен глас, доколку има елементи соодветни за постапување, по допрен глас треба да го направат тоа. Тоа се надлежности на судскиот систем. Ние како Влада покрај другите обврски, имаме обврска и за подготовка и спроведување на фер избори. Според Изборниот законик, само ДИК може да го прави тоа. Со надлежноста на Владата ние треба да сме поддршка на процесот во спроведување на тоа што е целта“, рече Џафери.

Поврзани новости