324
Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок до Нова Година на партиите да постигнат консезнус околу датум за одржувањето на изборите. Инаку, рече дека според законските прописи по Нова Година Собранието ќе ги распише изборите.
„Нема да дозволам да ме прегазат роковите. Политичките партии, кои се застапени во Собранието, имаат можност до Нова година да си најдат консензус во однос на двата термина за избори“, прецизира Џафери.
По овој рок, како што рече, мора да постапи во согласност со уставните обврски и да ги распише изборите.
Одговарајќи на прашањето кога уставните измени ќе бидат поставени на дневен ред, Џафери повтори дека точката е на дневен ред уште од август.