Џафери: Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател

by Fokus

Техничкиот премиер – Талат Џафери денеска изјави дека неговиот лидер, Али Ахмети, нема да биде кандидат за претседател на ДУИ. Џафери смета дека Ахмети можел да ја има било која функција, но немал такви амбиции.

„Ахмети има мисија, а не е претендент за функција како што знам. Мислам дека нема да прифати да биде тоа. Нема потреба тој да покаже кој е по 50 години свој придонес во нештата во оваа држава, за граѓаните на оваа држава. Неговата мисија е ЕУ и Европа и работи на таа мисија. Не мислам дека му е приоритет такмичењето за било која функција, да сакал можел да има било каква функција во овие 22 години“, кажа Џафери.

Ова доаѓа откако претходно, во јавноста се сподели информација дека ДУИ планира да оди со Ахмети како кандидат за претседател.

Поврзани новости