Претседателoт на Собранието, Талат Џафери, денеска упати видео-честитка до сите граѓани во пресрет на Новата 2022 година.
– Почитувани граѓани, Новата година е речиси на прагот и сега кога ја испраќаме старата морам да признаам дека со нетрпение и со огромна доза оптимизам се охрабрувам дека 2022 година нема да биде во ниту еден сегмент како оваа. За жал, не можеме да кажеме дека беше лесна ниту, пак, успешна. Напротив, беше тешка, полна со предизвици, препреки, најтажно од сè година во која паралелно со здравствените, економските и штетите по менталното здравје на глобално ниво што ги предизвика пандемијата на Ковид-19, истакнува Џафери.
Претседателот на Собранието потсети дека оваа година нашата држава беше погодена од огромни трагедии во кои, како што рече, загубивме драги наши сограѓани и тоа остави болка и горчлив вкус во сите нас.
– Оваа година имавме редовни локални избори, по што настапи период на неизвесен политички живот во земјава, кој, пак, предизвика делумна функционалност на домашните институции. И законодавниот дом
функционираше во рамките на наметнатите здравствени протоколи поради кои останавме затворени за ваши посети и наметнатите деловнички одредби за работа во време на изборни активности. Се
фокусиравме на транспарентноста, достапноста и зајакнување на надзорната улога на Собранието за да бидеме поблиску до вас, за политичкиот дијалог да се одвива тука, во законодавниот дом, потенцира спикерот Џафери.
Важно е, како што вели, политичкиот дијалог, вкрстувањето на аргументите и битката за менување и подобрување на законските одредби за олеснување на животот на нашите граѓани да се одвива тука, во
рамките на домот на демократијата.
Џафери во видеочеститката вели дека сите заедно нè обединува Република Северна Македонија и оти мораме да градиме односи за заемна доверба, почит меѓу нас внатре и надвор со нашите соседи.