736
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите посочи дека стоте лаптопи што ги набави Собранието се наменети за собраниската служба, а парите се обезбедени во рамки на Програмата за поддршка на парламентот, финансирана од Швајцарија и спроведувана од НДИ.
Од НДИ појаснија дека програмата ја имплементираат со поддршка од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, а проектот обезбедува техничка и материјална помош, вклучувајќи и компјутери за собраниската служба, со цел обезбедување непрекината поддршка на пратениците.