Симпатизери и членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва повторно излегоа на протест пред Министерството за правда, поради, како што велат, направдите, раваншизмот и политичко насилство.
-Павле Богоевски призна дека земал наркотици, а немаше ниту истрага… Потрошија 8 милиони евра народни пари за луксузни автомобили – беа дел од пораките на протестот.
Претходно, од СДСМ соопштија дека нема поголем апсурд од тоа ВМРО-ДПМНЕ – симболот на политичкото насилство и реваншизам, да организира таканаречени протести против неправдата.
„Денеска, против неправда ќе протестира Христијан Мицкоски, потрчкото на оној што нарачуваше шамари во Центар. Денеска против насилство ќе протестираат губитникот Мицкоски и неговите приврзаници , истите оние кои учествуваа во насилството на 27 април…“, велат од СДСМ.
Инаку, демонстрантите од Министерството тие ќе се упатот кон Јавното обвинителство, каде ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицковски.