Најавениот концерт на музичката ѕвезда Лени Кравиц во Охрид ќе го отвори младата Девон Рос, инди, рок и панк артистка, која е и ќерка на Крег Рос, главниот гитарист на Кравиц.
Гитаристот Рос, исто така, е еден од авторите на повеќе хитови на Лени.
Девон пак, е позната по специфичниот вокал, но и по способноста со модерен пристап да ја евоцира енергијата на раните години на панкот. На концертите таа настапува со својата Фендер Мустанг гитара.
-Уникатен глас кој го пробудува духот од раните години на панкот, но со дистинктивен модерен призвук, Devon Ross претставува модерна комбинација на
Siouxsie And The Banshees, Patti Smith и Sonic Youth, порачуваат од Авалон Продукција, во чија организација е концертот кој ќе се одржи на 4-ти август на СРЦ Билјанини извори.
По повод концертот, пред два дена во Охридското Езеро беше поставена џиновската гитара на Кравиц, која како симбол на турнејата ,,Blue Electric Light” беше поставена и повеќето светски метрополи каде музичарот имаше настапи.
Вики Клинчарова