Вчера Одри Хејл со пушка упадна во христијанско училиште во Нешвил, САД и уби шест лица, меѓу кои три деца. Полицијата објави снимка од масакрот, но откри и детали за жената која го извршила што ја смирува крвта.
Станува збор за 28-годишната Одри Хејл, која, се дознава, и самата учела во училиштето каде убила шест лица, а потоа и самата била ликвидирана.
Засега е познато дека по професија била графичка дизајнерка.
Портпаролот на полицијата изјави за ABC дека Хејл е родена како жена, но истакна дека нејзиниот профил на социјалните мрежи вели дека ја користела заменката „тој“. Во краткото телефонско интервју за ABC, нејзината мајка Норма рече: „Многу, многу е тешко во моментов“, пред да побара приватност.
Сосед на нејзиното семејство рече дека Одри живеела во куќата со нејзините родители, кои ги опишал како „многу фини“ и „многу религиозни“.
„Додека беше во нашето училиште, таа беше талентиран уметник и добар ученик“, рече училиштето во кое учеше, каде што подоцна го изврши нападот.
Од полицијата додаваат дека таа легално набавила две пушки и дека во моментот на нападот со себе имала мапи и цртежи од училишната зграда.
Полицијата пронашла писмо и мапа поврзани со пукањето во училиштето, изјави началникот на полицијата, Џон Дрејк.
„Го имаме манифестот, имаме некои написи што ги анализираме, а се однесуваат на денешниот датум“, рече Дрејк на прес-конференција.
Тој за NBC News изјави дека огорченоста е можен мотив за нападот.
„Изгледа дека замерувала и била огорчена што морала да оди во тоа училиште“, рече Дрејк, додавајќи дека по случаен избор пукала во ученици и други.