Младата скопјанка М.Ј. која е едно од 17-те лица од земјава излекувани од корона вирус, со песна им се заблагодари на здравствените работници кои се грижеле за неа додека била сместена на клиника.
Среќна што конечно е дома, таа порача дека освен за здравствените работници, пее и за пациентите кои се уште се во болница.
-Откако се изборив со корона вирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас- објави на својот Фејсбук профил девојката, споделувајќи видео клип на кој го изведува хитот ,,Stand by me”.
,,Фокус” стапи во контакт со скопјанката, со цел да дознаеме повеќе детали од нејзината борба со вирусот и патот до оздравувањето. Сепак, таа ни изјави дека остава песната да зборува за неа и не би откривала повеќе детали во моментот.
-Се надевам дека сите ќе постапуваат како што треба и целата ситуација наскоро ќе биде зад нас. Оставам музиката да зборува за мене – порача девојката.
Вики Клинчарова