Георгина Родригез – девојката на еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо предизвика хаос на социјалните мрежи објавувајќи приказна за случувањата во Израел.
На својот Инстаграм профил, каде ја следат повеќе од 50 милиони луѓе, шпанската манекенка и инфлуенсер објави приказна со поддршката за Палестина, односно слика на девојка со кукла во рака додека седи на урнатините во Газа.
По неколку минути Георгина била нападната од обожаватели од Израел кои ја опсипувале со бројни коментари, поради што морала да ја избрише споменатата слика.
Таа набрзо објави нова слика, овојпат покрај споменатата слика објави уште една на која се гледа жена со дете како бега од дом за сираци во израелски Кибуц, кој беше нападнат од Хамас.
Џорџина на сликите додала симбол на мирот, заедно со рането срце и тажно смајли, сакајќи да нагласи дека не ја поддржува војната во Израел.