Девојка по потекло од Србија e претепана од пријатели од Франција со кои дошла на островот Крит на одмор.
Откако успеала да им побегне на насилниците отишла да го пријави случајот во полициската станица во Херсонисос.
Неименувана девојка пријавила дека ја претепале тројца мажи од Франција, кои по инцидентот исчезнале и оттогаш полицијата интензивно трага по нив, пишува Cretalive.gr.
Според информациите, државјанка на Србија со возило на Брза помош била пренесена во болница, каде што била прегледана по нападот.
Според првичните информации, таа се здобила со бројни видливи повреди по телото, меѓу кои и скршеница на носот.
Србинка и тројца мажи од Франција дошле на Крит на 3 август и, според грчките медиуми, утре требало да го напуштат популарното летувалиште.