Девојка натепана пред кафеана во Аеродром, ја нападнал бившиот дечко

by Fokus

Девојка од Скопје вчера попладнето била нападната од поранешното момче пред угостителски објект во Аеродром, соопшти МВР.

-На 03.04.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Аеродром, 26-годишна скопјанка пријавила дека во 15.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Х.Ц. од Скопје, со кого претходно била во љубовна врска, се вели во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости