466
Минатата ноќ пред угостителски објект на подрачје на Центар од полициски служебници од СВР Скопје е лишена од слобода В.А.(21) од Скопје, информира МВР.
Таа физички нападнала полициски службеник при вршење на службена дејност, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.