524
Млада девојка била пронајдена во бесознание на автобуска постојка на подрачје на Ѓорче Петров, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во неделата во во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачје на Ѓорче Петров било пронајдено женско лице во безсознание и со возило на Итна медицинска помош лицето било пренесено на Клиника за токсикологија во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде и била укажана лекарска помош. Полициските службеници разговарале со неа, по што било констатирано дека се работи за А.М.(22) од Скопје“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.