Девојка на полицаец уби 12 лица во Тајланд, ги отрула со цијанид

by Fokus

Полицијата на Тајланд уапси жена осомничена дека убила 12 нејзини пријатели и познаници со труење со цијанид.

Сарарат Рангсивутапорн беше уапсена во вторникот во Бангкок по истрага за смртта на 12 лица. Таа прво беше осомничена од семејството на една од жртвите која почина за време на патувањето претходно овој месец.

По истрагата, полицијата соопшти дека верува дека Рангсивутапорн убила уште 11 луѓе, вклучувајќи го и нејзиното поранешно момче.

Полицијата тврди дека ги убила од финансиски причини. Рангсивутапорн ги отфрли сите обвиненија и тајландските власти и одбија кауција.

Таа отпатувала пред две недели со нејзината пријателка во провинцијата Рачабури, западно од Бангкок, каде што учествувале во будистички ритуал за заштита на реката, соопшти полицијата. Набргу потоа, Сирипорн Канвонг колабирала и починала на брегот на реката.

При обдукцијата на телото и биле пронајдени траги од цијанид, а била пронајдена без телефонот, парите и чантата.

Полицијата соопшти дека и други наводни жртви починале на сличен начин, но не открија дополнителни информации. Убиствата започнаа во 2020 година.

Тие, исто така, не ги идентификуваа сите жртви, но меѓу загинатите го именуваа поранешниот партнер на Рангсивутапорн, како и две полицајки.
Тајландската полиција го испрашала и нејзиниот партнер, висок полицаец во провинцијата Рачабури, каде што починала нејзината пријателка. Двојката неодамна се раздели, пишуваат тајландските медиуми.

Полицијата соопшти дека Рангсивутапорн ги знаела сите жртви. Една пријателка, за која полицијата верува дека била целта, ѝ позајмила 250.000 бати (6.600 евра), велат тие. Жената повраќала и се онесвестила по ручекот со Рангсивутапорн, но преживеала. За исчезнување на накит и пари пријавиле и роднините на жртвите.

Цијанидот може да се открие во трупови неколку месеци по смртта доколку се употреби смртоносна количина.

Поврзани новости