Девојчето (16) починало во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, откако било донесено во тешка состојба, поради компликации настанати при интервенција во приватна стоматолошка клиника во Сараево, потврдено е за порталот Radiosarajevo.ba.
Девојчето побарало помош кај родителите поради силна забоболка. Откако и го извадиле забот, состојбата нагло и се влошила, а како последица на воспалителниот процес настанала сепса, пишуваат медиумите.
Во многу тешка состојба итно била пренесена во Клиничкиот центар во Сараево.
Девојчето починало, а за порталот Radiosarajevo.ba оваа информација ја потврдил извор од КЦУС.
Како што потврдила портпаролката Азра Бавчиќ од Обвинителството на кантонот Сараево „предметот се процесуира, се вршат проверки, односно се преземаат дејствија со цел да се проверат и да се утврдат сите околности на смртта“.