216
Полициски службеници денеска ги пронајдоа двете девојчиња од струшко, што завчера вечерта беа пријавени дека се оддалечиле од домот.
Портпаролот на СВР Стефан Димоски информира дека малолетничките биле пронајдени во Скопје и ќе им бидат предадени на родителите.
– Полициски службеници од ЕБР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, денеска во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња А.С.(15) од селото Ложани и Т.П. (14) од селото Мороишта, и тие ќе бидат предадени на родителите – изјави Димоски.
Двете девојчиња, според него, и претходно биле пријавувани како исчезнати и биле враќани.
Мајката на една од двете малолетнички во средата вечерта пријавила во Полициската станица во Струга дека ќерка и не се вратила дома.