Македонскиот графички дизајнер и сликар, Зоран Кардула дизајнираше специјален постер за Нина, девојчето од Србија кое со продавање крофни собираше пари за лекување на својот татко.
Денеска организацијата „Новосадски татковци“ објави дека постерот е на пат и наскоро ќе и биде предаден на малата Нина.
-Нашата драга Нина Нинковиќ викендов ќе го добие ова прекрасно дело на светски познатиот уметник Зоран Кардула. Ви благодариме за прекрасниот постер, изработен е на платно со заштита над него, како што заслужува Нина за борбата да го излечи нејзиниот татко.
Во недела се дружиме од 10 до 12 часот на Његошева 10 во чест на Нина. Со секое кафе добивате крофна. Сите пари од забавата веднаш ќе и бидат предадени на мајката на Нина, за дополнителни трошоци поврзани со патувањето во странство, соопштија од организацијата.