Омар Рахал слушнал глас кој доаѓал од урнатините, толку слаб што се борел да разбере дали можеби е само во неговата глава. Претходната ноќ два земјотреса со јачина од 7,8 и 7,6 го погодија неговото село Харем во сириската провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците, срамнувајќи со земја десетици згради, вклучувајќи го и станбениот блок во кој живеел неговиот братучед Махмуд со неговата сопруга и нивните седум деца.
Неколку часа подоцна, Рахал, началник на локалната полиција, влетал во урнатините на куќата, надевајќи се дека ќе ги најде живи Махмуд и неговото семејство. Цело утро не слушнал знаци на живот, но во 12:30 слушнал четири зборови кои ги изговорило девојче: „Извадете ме од овде“.
|Неколку метри под врвот на купот рушевини, заглавен меѓу бетонот, лежела петгодишната ќерка на Махмуд Џинан, заедно со нејзиниот деветмесечен брат Абдула, кого го тешела под урнатините. До нив, закопано покрај остатоците од нејзината куќа, било телото на нивната мајка Суад. Рахал можел да ја види само нејзината рака, со која како да се обидувала да ги прегрне децата за да ги заштити, пренесува „Гардијан“.
Рахал се обидел да ги ослободи, но сфатил дека не може сам. Така тој ги снимил двете заробени деца и видеото им го испратил на колегите од полицијата, барајќи од нив да интервенираат. Видеото брзо патувало од еден телефон на друг, напуштајќи ги границите на Сирија и стана вирално. Видеото стана вирално на Твитер и стана симбол на трагедијата во Идлиб.
„Моите луѓе пристигнаа веднаш и ми помогнаа да го извадам малиот Абдула, кој за среќа имаше само неколку ситни гребнатинки. Но, проблемот беше Џинан. Таа беше прикована за бетонска плоча и имаше железна прачка забодена низ нејзината нога“.