673
Девојче се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола. Полицијата од Битола ја потврди оваа информација, а наскоро се очекуваат детали за несреќата.
Имено, девојчето влегло да се капи во базенот, кој се уште не бил отворен за летната сезона. Тој е во сопственост на ЈП „Стрежево“, а со него стопанисува приватниот концесионер „Мега Груп“.