425
Девојка денеска се разнела со експлозив кај полициска станица во Грозни. Нема загинати, ниту повредени лица.
В.д министерот за внатрешни работи на Чеченија, Апти Алаудинов појасни дека жената додека поминувала низ контролен полициски пункт ја активирала експлозивната направа.
Наведе дека полицајците забележале оти девојката чудно се однесува и побарале од неа да ги покаже личните документи. Таа не ги покажала и тргнала кон пунктот, по што полицајците забележале дека носи експлозив и веднаш испукале предупредувачки истрел, а таа го активирала експлозивот.
Во тек е утврдување на идентитетот на жената.