Тринаесетгодишно девојче со нож ја уби својата седумгодишна сестра во Лајпциг, по што самата повикала брза помош, пренесуваат германските медиуми.
Според информациите на германскиот весник БИЛД, се работи за семејство од Србија. Убиството се случило во петокот вечерта, кога родителите на девојчињата не биле дома.
Според информациите од истрагата, убиството било извршено со нож, а повреденото девојче било пренесено во болница, каде набрзо им подлегнало на повредите.
Портпаролката на полицијата Жозефин Садер изјави за БИЛД дека 13-годишната осомничена е во специјална институција.
Според информациите, таа сè уште не разговарала со надлежните органи, а засега не се познати околностите кои довеле до убиството.
Според германскиот закон, лицата помлади од 14 години не се кривично одговорни, но судијата може да одлучи дека девојчето може да биде сместено во дом. Полицијата продолжува со расчистување на делото.