Девојче од Македонија со часови заглавено во автомобил со мртви роднини во несреќата во Јагодина

by fokus

Седум луѓе загинаа, а 27 се повредени во два страотни верижни судири кои вчера се случија на автопатот Белград-Ниш помеѓу Чуприја и Јагодина. Причината за страшната несреќа најверојатно е густата магла, која вчера утрото ја намалила видливоста на таа делница од патот.

-Се движев од правец Ниш. возев со нормална брзина. Имаше намалена видливост, а кога ја поминав Морава – ѕид. Ништо не гледав, од што имаше толкава магла. Почнав веднаш да кочам. Пристигна камион пред мене. Успеав да запрам и да излезам, но тогаш возилата почнаа да се удираат. Одеднаш во автомобилот пред себе видев мртва жена, а со неа беа две деца. Се слушаше вриштење и плач“, посведочил еден возач за српски „Курир

Како што се дознава, најпрво околу 7.15 часот дошло до верижен судир во насока кон Белград кога се судриле два автомобили, со кои управувале две жени.

-Возачот на едне камион пришол да им помогне, ја прескокнал хаубата на нивниот автомобил. И тогаш следела катастрофата. На нив налетале седум камиони и исто толку автомобили и сите загинале. Од силината на удирот возачот на камионот останал заглавен меѓу два товарни камиони-ги прераскажува очевидец морбидните глетки.

Како вели, во следниот момент во автомобилот на македонски таблици видел заглавено девојче, кое плачело и ја довикувало мајка си.

-Детето со часови беше заглавено во искршениот автомобил. Врескаше и бараше помош, додека на предното седиште мртви беа нејзините двајца роднини со кои патувало. Сиротото дете. Спасувачите едвај дошле до неа, а кога и пришле, била без сознание. Лекарите едвај успеале да ја смират, и тоа со седативи, раскажува потресен очевидец.

Поврзани новости