361
Во текоте на вчерашниот ден, жител на Арачиново со автомбил удрил во малолетно девојче, кое со тешки повреди било префрлено во болница.
„На 01.02.2023 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(24) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од истото село.
Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.