Девојче (16) од Пробиштип со нож го прободе својот татко

by Fokus

МВР информира дека вчера во ОВР Пробиштип било пријавено дека околу 09.40 часот во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16 – годишно девојче од Пробиштип со остар предмет го нападнало и му нанело убодна рана на својот татко И.А.(46).

Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа.

Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости