65
Мекензи Корнел (11) од Охајо се удави обидувајќи се да ја спаси својата помлада сестра (9) во хотелски базен.
Трагедијата се случила за време на забава покрај базен во хотел во Охајо, каде немало спасител.
Болничарите се обиделе да ги реанимираат двете девојчиња, но Мекензи не преживеала и била прогласена за мртва по пристигнувањето во болница.
Успеале да ја спасат нејзината помлада сестра.
„Помладата сестра влегла во подлабокиот дел од базенот и не знаела да плива, па постарата сестра скокнала за да ја спаси, но се удавила“, изјавила за медиумите нивната маќеа Хелен Корнел.
„Нема поголема љубов од сестринската љубов“, додава таа.