Деветтемина демонстранти ја признаа вината, за половина час пресуда

by Фокус

Деветтемина демонстранти меѓу кои пет студенти обвинети за насилство на протестот што се случи пред Владата на петти мај, денеска во Основниот суд „Скопје 1“ ја признаа вината.

Поточно, сите обвинети ги прифатија за вистинити наводите во обвинението кои им се ставаа на товар и истакнаа дека се чувствуваат виновни и дека се каат за стореното.

Во завршните зборови, адвокатите на обвинетите демонстранти побараа од судот при донесувањето на пресудата да ја земат предвид возраста на обвинетите и фактот што досега не биле осудувани.

За половина час, судијката Лидија Петровска најави дека ќе ја соопшти судската одлука.

Поврзани новости