Деветнаесетгодишник упаднал во замокот на кралицата Елизабета

by fokus

Вооружено момче упаднало во комплексот на замокок Виндзор о моментот кога во замокот престојувала кралицата Елизабета, соопшти британската полиција.

Во соопштението се наведува дека се работи за 19-годишен млад човек и дека инцидентот се случил во моментот кога во замокот престојувала кралицата Елизабета.

Деветанесетгодипното момче е уапсено поради сомнение дека неовластено влегол на приватен имот и дека со себе имал оружје.

Кралицата Елизабета денеска во божикната порака зборуваше за болката што ја чувствува по смртта на нејзиниот сопруг и ги покани сите да го прослават празникот со пријателите и семејството, и покрај тагата што ја носи пандемијата.

Елизабета им се обрати на Британците со врамена фотографија на принцот Филип, покра неа, кој почина во април на 99-годишна возраст.

 

Поврзани новости