Хрватската полиција го приведе тинејџерот (19) кој пред два дена украл трамвај и го возел низ улиците на Загреб.
Од полицијата соопштија дека истрагата за овој случај е во тек.
Како што потсетува полицијата, во четвртокот околу 23:15 часот на загрепската улица Озаљска, младиот човек влегол во трамвај кој бил отклучен, го стартувал и се упатил кон улицата Тратинска.
Таму го оставил трамвајот и се оддалечил во непознат правец.
Вчера на социјалните мрежи вирално стана видео од настанот. На него се гледа како тинејџерот го вози трамвајот и се фалел со чинот.
Од синдикатот на јавниот превозник Загрепски електричен трамвај (ЗЕТ), на кој му припаѓа украденото возило, велат дека ваквата состојба е многу опасна, бидејќи тинејџерот управувал трамвај тежок 42 тони.
Од ЗЕТ соопштија дека извршиле внатрешна истрага за да се утврди што точно се случило и кој е одговорен за овој пропуст.