567
Во изминатото деноноќие, починати се осум лица заразени со ковид 19, од кои најмладиот е на 53-годишна возраст.
Според податоците што попладнево ги објави Министерството за здравство, двајца од починатите се од Скопје (53, 60 години), а по еден смртен случај е регистриран во Штип (70), Струга (88), Струмица (55), Дебар (67), Радовиш (79) и Берово (83).
Во истиот период оздравени се 101 пациент.