95
Деветмина луѓе синоќа биле примени во гостиварската болница на Инфективното одделение со симптоми на труење.
Станува збор за помлади пациенти кои се жалеле доцна во ноќта на повраќање, дијареа и изнемоштеност.
Од болницата велат дека по дадената терапија, сите се испратени дома и нема потешки случаи.
Според првичните информации, лицата се затруле од храна во еден ист угостителски објект во градот.
Епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје ги презела сите мерки – земени се примероци за анализа, по што ќе се знаат причините кои довеле до влошување на здравствената состојба на пациентите и дали станува збор за бактериолошка инфекција.