Деветгодишно дете исчезна во Кавадарци

by Fokus

Полицијата трага по деветгодишно момче, кое во 10.30 часот вчера било пријавено за исчезнато во полициската станица во Кавадарци.

Според СВР Велес, се работи за дете сместено во Мал групен дом за деца во социјален ризик.

-Момчето и во минатото во повеќе наврати се оддалечувало од домот, и било враќано назад. Се работи на пронаоѓање на детето – информираат од полицијата.

Поврзани новости