Судењето за случајот „Тендери“, во кој обвинета е екс министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска повторно се одложува, бидејќи како што велат од Кривичниот суд сѐ уште не е изготвено супервештачењето.
-Ја информираме јавноста дека главната расправа насроечна за утре, 10.01.2023 година, се презакажува за 16.02.2022 година, бидејќи предметот со сите списи сеуште не се вратени од надлежното Биро за судски вештачења.
Наредбата за супервештачењето беше издадена на 6 април, што значи дека оттогаш се поминати цели девет месеци.
-Имено, заради претходно изведени два спротиставени вешти наоди, а заради доследно почитување на одредбите од ЗКП, судот на 06.04.2022 година предметот го достави на надлежно постапување во Брото за судски вештачење со наредба за изготвување на супервештачење од областа на градежништво и урбанизам. Со оглед да предметот се уште не е вратен во судот и досега се отповикани седум насрочени расправи, а воедно судот на два наварти се има обратено до Бирото со барање за прецизирање на рок – кога наодот ќе биде изготвен, за што немаме добиено одгвор.
Кривичниот суд денеска по трет пат се обрати до Биртото за судски вештачење со известување дека доколку до 31.01.2023 година предметот со сите списи и изготвениот вешт наод и мислење не биде вратен во судот, или не биде доставен образложен извештај зошто наодото сеуште не е изготвен и кога истиот ќе биде завршен, судот ќе ја искористи Законската можност за парична казна на надлежната институција согласно член 237 ст.3 од ЗКП, велат од Кривичниот суд.
Оттаму додаваат дека за одолговлекувањето на постапката како и за сите дописи доставени до Бирот, судот ќе го извести Министерството за правда и Судски совет.
-Бирото за судски вештачењеа, но и целокупната јавност мора да ја имаат предвид комплексноста на предметот, интерсот на медиумите и невладините организации за истиот, Уставно загрантираните права и обврси на странките во постапката и пред се начелото за судење во разумен рок кој судот е должен да го почитува, па зради тоа не може да се дозволат дополнителни неосновани одолговлекувања на постапката, истакнуваат од Судот.
Судењето за „Тендери“ минатата година по петти пат почна од почеток, бидејќи трипати се враќаше на стартната позиција поради проток на 90 дена од рочиште до рочиште, а двапати поради смена на судија поротник.
Или низ години, истрагата беше отворена во 2016 година, судењето стартуваше на почетокот на 2018 година, а кон крајот на 2022 година сѐ уште тече, или подобро речено, капе.
Предметот „Тендери“ потекнува од СЈО, а задолжен за него беше обвинителот Стевчо Донев, кој од неодамна е виш јавен обвинител. Според обвинението, екс министерката се гони за наместен тендер со „Бетон Штип“, кој вредел милион евра. Спорното, според обвинителството, е тоа што било договорено фирмата да почне да работи, а тендерот да се објави подоцна.
Валентина Вурмо