Девет лица повредени во сообраќајка во Радовиш, трактор со судрил со два автомобили

by fokus

Повредени се девет лица во сообраќајна несреќа  во близина на радовишкото село Дамјан на магистралниот пат Штип-Радовиш.

Потпаролот на СВР Струмица Хринзатема Рендевска изјави дека несреќата се случила утринава во 3:40 часот помеѓу две патнички возила и еден трактор со приколка.

– Според првичните информации, со телесни повреди се вкупно девет лица и сите се хоспитализирани во болницата во Струмица, рече Рендевска.

Во тек е увид на местото на несреќата од страна на полицијата и јавниот обвинител.

Поради несреќата  изутрината од 4:15 часот до 5:40 сообраќајот на тој дел од патот беше целосно прекинат, по што возилата се пропуштаа наизменично.

Поврзани новости