515
Девет кумановци, вчера пријавиле во полицијата дека им биле оштетени гумите на автомобилите, соопшти денеска МВР. Автомобилите на кумановците биле паркирани на три улици во центарот и поширокото централно градско подрачје.
– Вчера, во 20:30 и 20:40 часот во СВР Куманово двајца граѓани пријавиле дека на улица „Иго Тричковиќ“ во Куманово биле оштетени гумите од нивните возила кои биле паркирани на улицата. Исто така, во периодот од 20:05 до 20:35 часот во СВР Куманово, седум граѓани пријавиле дека биле оштетени гумите од нивните возила паркирани на улица „Народна Револуција“ и на улица „Перо Шварц“-соопшти МВР.
Фотографија: архива