655
Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Омикрон, како што се посочува, е детектиран кај осум пациенти од Скопје и кај еден пациент од Кочани.
-Во лабораторијата се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај девет пациенти детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани, информираат од Министерството.