– Континуираното вложување во професионален кадар и испорачувањето на врвна услуга за клиентите се основните постулати на нашето работење, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, посочувајќи дека досегашниот раст и развој се должат на експертизата и балансираното менаџирање, како и на придонесот на целиот тим во чиј фокус е секогаш клиентот.
Заокружувајќи ја деветтата година од основањето, овој 4-ти декември најголемото брокерско друштво во секторот на осигурувањето во земјата, СН Осигурителен Брокер АД Битола, заокружува уште една успешна година во процесот на постојан раст и развој.
Континуирано задржувајќи ги лидерските позиции во својот сектор денес компанијата ја трасира стратегијата за раст и развој втемелена на посветеноста и придонесот на млад, високообразуван стручен кадар. 130 вработени секојдневно ги опслужуваат клиентите преку раширена мрежа од 43 подружници низ целата држава.
Континуираното вложување во професионален кадар и испорачувањето на врвна услуга за клиентите се основните постулати на нашето работење, велат од компанијата, посочувајќи дека досегашниот раст и развој се должат на експертизата и балансираното менаџирање, како и на придонесот на целиот тим во чиј фокус е секогаш клиентот.
„СН Осигурителен Брокер постојано ги следи потребите на осигурениците со цел да им ги понуди најдобрите решенија. Задоволството и лојалноста на клиентите се наш поттик и инспирација. Активно сме вклучени во донесувањето на законски мерки и начинот на обештетување на осигурениците, како и нивно целосно информирање. Нашата позиција е секогаш на страната на клиентите, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а најважно е што сме дел од секој процес на осигурување, почнувајќи од давањето на понуда до исплата на обештетување. Осигурителните брокери се вистинскиот начин секој да дојде до добро и соодветно осигурување, а осигурениците веќе знаат дека во нас имаат вистински партнер“ – велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.
СН Осигурителен Брокер АД Битола е најголем брокер по бруто полисирана премија и реализирани штети, број на експозитури и вработени, територијална покриеност и број на вработени лиценцирани осигурителни брокери.
Со ваков капацитет разбирливо е како токму СН Осигурителен Брокер е компанијата која го скрши мразот на полето на корпоративните обврзници во Македонија.
Имено, СН Осигурителен Брокер АД е првиот правен субјект од нефинансискиот сегмент на националната економија кој издава долгорочни хартии од вредност − корпоративна обврзница. 2023 година за компанијата е значајна по тоа што ја исплати првата годишна камата за корпоративната обврзница, оправдувајќи ја со тоа довербата дадена од инвеститорите.
Покрај тоа, уште еден голем настан во СН Групацијата ја одбележа деветтата година од постоењето на компанијата. Имено, на крајот на декември се навршува една година од отворањето на СН Мото Центарот во Скопје.
Се работи за инвестиција на СН Осигурителен Брокер во најсовремена станица за технички преглед. СН Мото центарот за речиси една година од отворањето прерасна во двигател на мото културата во скопскиот регион опслужувајќи ги клиентите во мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни во Момин Поток-Карпош во Скопје. Центарот располага со 1.847 метри корисна површина и со најсовремена опрема и стручни кадри, велат од компанијата.
Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, ЦЕМТ, хомологација, ПТЕУ, меѓународна возачка дозвола, полномошно и пошта. Достапни се сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.
Всушност, СН Мото Центарот во Скопје ја пресликува успешната приказната на СН Сообраќајниот центар во Битола – инвестиција на СН Осигурителен брокер во 2019 година, тешка 5,5 милиони евра.