496
Девет деца загинаа денеска во Авганистан кога експлодира мина додека оделе на училиште, соопшти полицијата.
– Ова подрачје е под контрола на талибанците и со оглед на тоа што безбедносните сили започнале напади за да се исчисти, талибанците поставиле противпешадиски мини, изјави портпаролот на полицијата Калил Асир.
Тој додаде дека меѓу настраданите деца, на возраст од девет до 12 години, има и четири од „талибанските семејства“.
Експлозијата се случи во северо-источната провинција Такар. Во Авганистан и во сабота се оди на училиште.
Претставниците на талибанците сè уште не се огласија за злосторството.
Цивилните жртви во Авганистан годинава достигнаа рекорден број и покрај напорите на САД и талибанските бунтовници да постигнат мировен договор.