Детска клиника: Состојбата на децата е добра и ќе бидат пуштени дома

by fokus

Од Клиниката за детски болести, преку соопштение информираа за состојбата на двете малолетни деца, кои синоќа беа донесени, откако биле заборавени од родителите во автомобил.

„Синоќа во 23 часот со возило на брза помош и во придружба на полицијата на Клиниката за детски болести – Скопје донесени се женско дете старо 7 години и машко дете старо 4 години. Во моментот на прием, на преглед оддавале впечаток на запуштени деца (валкани, во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни, со уредни витални параметри. Децата се хоспитализирани на одделот пулмологија Б за опсервација, направени се рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во текот на престојот беа во стабилна состојба. Тие се испишуваат во добра здравствена состојба“– информираат од Клиниката.

 

 

Поврзани новости