Детска клиника: Мајката на децата кои беа оставени во возило во Ново Лисиче ја поминала ноќта со нив

by Fokus

Двете деца (женско дете на возраст од седум години и машко дете на возраст од четири години) кои синоќа беа оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче, по што полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и со возило на Итната медицинска помош се донесени во Клиниката за детски болести се во добра здравствена состојба и ќе бидат и ќе бидат пуштени дома. Според информациите од Детската клиника контактирани се социјалнит служби за понатамошно следење на случајот, но мајката ја поминала ноќта покрај двете деца.

Од Клиниката за детски болести тврдат дека во моментот на прием на преглед децата оддавале впечаток на запуштени (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани и свесни со уредни витални параметри.

 

 

Поврзани новости