Децата во земјава најмногу се дискриминирани според нивниот изглед

by Fokus

Најголем дел од децата се чувствуваат дека припаѓаат во своето училиште, но сметаат дека не се посветува многу внимание на училишната хигиена. Најбезбедни се дома, а најчести дискриминации кои ги почуствувале во одредена ситуација е поради нивниот изглед, телесна тежина и боја на кожа и местото на живеење.

Ова го покажува истражувањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши во кое се опфатени 1077 деца, на возраст од 12 до 17 години од 78 градови и села од сите региони во државата.

Како што истакна денеска на прес-конференција координаторка на СОС телефонот за деца и младинци, Јорданка Черепналкова-Трајкоска, децата го споделиле нивното мислење и гледиште за тоа колку нивните права се почитувани во нашата земја во седум различни области, како што е запознаеност со правата на детето, училишна средина, слободно време, безбедност и сигурност, дискриминација, рече Черепналкова-Трајкоска.

Во истражувањето се наведува дека 69,74 отсто од децата сметаат дека се чувствуваат дека припаѓаат во училиштето, почитувани се од страна на учениците (66,35 отсто), професорите и другите лица кои работат во училиштето (62,97 отсто) и би се обратиле на наставник/професор или друг возрасен доколку не се чувствуваат безбедно (74,62 отсто).

Поврзани новости