Децата со пречки во развојот од Центар ќе добијат лични асистенти во училиште

by fokus

Учениците со пречки во развојот кој ги посетуваат општинските училишта во Центар, ќе добијат лични асистенте кои ќе им помагаат во движење околу училиштето и во совладување на наставната материја. Ангажираните лица се невработени, а ќе бидат со учениците во текот на целата работна недела, по 4 часа во текот на денот.

Асистенитите на учениците ќе им пружаат помош при користење на дидактички материјал во текот на наставата и при извшрување на училишните обврски, а ќе им помагаат и во олеснување на комуникацијата на учениците со наставниците.

„Со реализација на проектот се очекува 15 ученици, кои има наод од лекар и согласност од родителите, да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, да им биде олеснет процесот на интеграција и да се зголеми свесноста кај останатите ученици за потребите на децата со попречености“, велат од Општина Центар.

За проектот ќе бидат ангажирани 15 асистенти кои ќе примаат месечен надоместок од 6200 денари, со почеток од 1-ви октомври до 10-ти јуни, односно до крајот на учебната година.

За асистентите ќе биде организирана неколкудневна обука за запознавање со детето, училиштето, наставниот кадар и опкружувањето.

Проектот „Образование без пречки“ е во организација на Општина Центар, во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување.

Поврзани новости