Децата со посебни потреби заедно со нивните родители од денеска во наредните три дена ќе кампуваат пред Собранието со цел нивните проблеми да станат видливи за креаторите на законите.
-Тука сме да ги потврдиме нашите досегашните ставови, тука сме и ќе останеме во фокусот на јавноста да не видат луѓетоспроти нас, во Собранието, и да ги постават нашите барања како приоритет. Ја повикуваме македонската јавност, ги повикуваме родителите и лицата со посебни потреби, во наредниве три дена да ни се придружат на нашите работилници, на кои ќе ги разгледаме уште еднаш барањата со цел да се дополнат, а исто така ги повикуваме и претставниците од ресорните министерства да дојдат одблиску да ги запознаат родителите, да ги слушнат нивните барања и нивните проблеми – рече Сузана Стојановска од иницијативата „Пет до дванаесет“.
Во кампот во следните три дена ќе има богата и интерактивна содржина. Ќе има содржини од сферата на музиката, уметноста, цртање и многу други активности.