523
Владата на денешната седница ја усвои одлуката да се ослободат од партиципација при користење здравствени услуги младите до 18 години кои доаѓаат од семејства кои се корисници на социјална помош.
-На предлог на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за здравство, Владата на Република Македонија јa разгледа и усвои Информацијата за ослободување од партиципација при користење на здравствени услуги на лицата до 18 години возраст, чии семејства се корисници на правото на социјална парична помош – пишува во соопштението од денешната владина седница.